Водач на полигамиски еврејски култ осуден на 30 години затвор

Од:

Водачот на еден еврејски, полигамиски култ, Гоел Рацон (64) е осуден од судот во Тел Авив на 30 години затвор, откако беше прогласен за виновен за повеќе сексуални кривични дела.

Рацон беше осуден за силување и за разни облици на сексуално насилство врз неговите сопруги и ќерки.

Промовирајќи го неговото уверување за оправданоста од полигамијата, што е составен дел од идеологијата на култот, што самиот го создал, тој живеел „во брак“ со повеќе жени. Од тие врски имало десетина помлади и повозрасни ќерки, со кои исто така имал сексуални односи.

Во текот на судењето, Рацон се бранел дека не сторил ништо лошо. Тој верува дека е „спасител на светот“ и се бранел дека сите жени со кои живеел во заедницата не биле насилно држени, туку дека сите тие тоа го правеле според сопствената воља.

Израелскиот обвинител во својот завршен збор во процесот, целиот култ и однесувањето и постапките на Рацон ги означи како „застрашувачка сага за доминацијата и измамувањето на вербата во Господ“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници

ВИДЕО: Раселените Палестинци масовно се враќаат во домовите на северот на Газа

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он