На прославата за 105-годишнината од „вечниот претседател“ на Северна Кореја, Ким Ил Сунг, оваа држава демонстрираше сила и презентираше ново оружје на воена парада.
Додека траеше прославата, бродовите на САД чекаат на готовс во корејскиот залив, по затегнатите односи во последните неколку денови.
На прославата маршираа војници, а можеа да се забележат и тенкови, системи за лансирање и друг вид на оружје, додека авиони во 105 формации прелетуваа над присутните на манифестацијата.
САД испратија закана до властите во Северна Кореја дека се спремни да реагираат доколку се обидат да извршат тестирање на ново нуклеарно оружје.
Претходно, Северна Кореја ги презентираше новите ракети со долг дострел кои што може да бидат испукани од подморница.