По осум часа, париските пожарникари успеаја да го изгаснат пожарот во катедралата Нотр Дам и да ја сочуваат конструкцијата на објектот во целина.
Notre Dame fire aftermath (Part 2)READ MORE: https://on.rt.com/9scs
Posted by RT on Понеделник, 15 април 2019
Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Лоран Њунез изјави дека се внимателни во проценките на штетата, но се „многу поголеми оптимисти“ отколку претходно.
Според градоначалничката на Париз Ан Идалго, најголемиот број од вредните предмети и реликвии кои се чуваа во Нотр-Дам се извлечени, а според ректорот на катедралата, Круната со трње и туниката на Сен-Луј, два предмети од исклучително значење за католиците, се „спасени” од огнот што ја опустоши Нотр-Дам од Париз, рече епископот Патрик Шовет, ректорот на катедралата.
Круната со трње, според католичкото верување, е онаа што римските војници ја ставија на Исусовата глава за да се потсмеваат со него непосредно пред неговото распетие.
Пожарот првично го зафати поткровјето, по што се урна дел од кровот и врвот на централната кула што го држеа четири столбови високи 93 метри.
Фондацијата културно наследство најави дека ќе започне со „национално собирање на средства”, за да се поправи штетата предизвикана од пожарот што во моментов ја уништува катедралата Нотр-Дам во Париз.