Во Женева заврши средбата меѓу Сергеј Лавров и Џон Кери

Од:

Во Женева заврши средбата меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, јави ТАСС.

Засега нема коментари за средбата од двете страни. Пред средбата беше соопштено дека тема на разговор ќе биде ситуацијата во Украина и Блискиот Исток.

Средбата се одржа во женевскиот хотел „Претседател Вилсон“ зад затворени врати и траеше околу час и половина. Лавров и Кери со поздравија и ракуваа пред камерите по завршување на средбата.

Кери на својот „Твитер“ профил објави дека разговарале за Украина, Сирија и тековните преговори со Иран за нуклеарната програма.

Би можело да ве интересира

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година