Во денешната железничка несреќа во Египет животот го загубиле најмалку 44 лица, пренесе ТАСС, повикувајќи се на порталот „Ал Јум ас Сабиа“.
Според официјални податоци, пак, лиферувани од Министерството за здравство, во несреќата има 37 жртви, а 123 лица се здобиле со повреди од различен вид и тежина.
Сите загинати и повредени се Египќани.
До железничката несреќа дошло во северен Египет. Патнички воз, што сообраќал од престолнината Каиро кон Александрија со голема брзина удрил во воз, што заради дефект, запрел во Порт Саид.
Според гувернерот на провинцијата Ал Искандерија (Александрија), Мохамед Султан, вината за несреќата лежи кај машиновозачот на првата железничка композиција, информира ТАСС. Машиновозачот не го запрел возот и покрај тоа што имало сигнализација за запирање на машината.
Има и податоци, меѓутоа, дека машиновозачот на првиот воз добил погрешен сигнал од диспечерите за запирање на возот.
Египетскиот железнички систем е во многу лоша состојба, има лоша поддршка и затоа има чести хаварии и настани со жртви и настрадани, забележаа американските медиуми.