Во земјотресот во Индија две жртви, 70 повредени

Од:

Во земјотресот кој денес го погоди северот на Индија, а се почувствува и во Пакистан две лица го загубија животот, а речиси 70 се повредени.

Потресот со интензитет 5,8 степени според Рихтерова скала е регистриран во пограничната област во индијската држава Јаму, Кашмар и Хамахал Прадеш.

Помеѓу 70-те повредени, 32 се ученици, а земјотресот оштети голем број згради и училишта.

Се уште нема информации за евентуални жртви во јужните држави Панџаб и Харјана.

Според метереолошката служба на Индија епицентарот на потресот бил на околу 450 километри северно од Њу Делхи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба