Во земјотресот во Богота загина жена

Од:

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди главниот град на Колумбија, Богота, а жена која скокнала од прозорец загина за време на земјотресот, соопшти денеска Геолошкиот институт.

„Трагедијата се случи во југоисточниот дел на главниот град, каде што една жена скокна од 10-ти кат за време на земјотресот, најверојатно од страв“, изјави градоначалничката Клаудија Лопес на платформата Икс (Твитер).

Нема извештаи за поголема материјална штета од земјотресот, кој колумбискиот Национален геолошки институт го процени на 6,1 степен, јавува Ројтерс.

Колумбискиот конгрес објави дека во салата на Претставничкиот дом паднала гипсната декорација.

Колумбиската агенција за цивилна одбрана соопшти дека жителите биле евакуирани во општина Калварио, југоисточно од главниот град.

Би можело да ве интересира

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести