Во замјотресот во Тајван загинаа 24 лица, спасувачите и натаму трагаат по над 100 затрупани

Од:

 Бројот на жртвите од земјотресот во Тајван достигна 24 лица, а спасувачките служби продолжуваат да трагаат по преживеани од под урнатините, додека семејства на жртвите чекаат во нивна близина, пренесоа американските медиуми.

Спасувачкиот центар во Тајнан, најтешко погодениот град во земјотресот,  информира дека од под урнатините се извадени и спасени 171 лице.

Тајван вчераутро го погоди замјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала.
Градоначалникот на Тајнан Вилијам Лај од местото каде е урната цела високотаница, изјави дека според оценките на спасувачките служби, под урнатините има уште 124 лица. Многу од нив биле длабоко под остатоците од зградата.

Многу од спасените лица биле откриени благодарение на информации за нивната можна локација во моментот на потресот, добиени од соседите кои успеале да излезат.

Од потресот со повреди се здобиле околу 500 лица, наведоа американските медиуми. Приближно 100 од нив подолг период ќе бидат задржани во болница, пред се, заради степенот на повредите.

Спасувачката операција е забавена затоа што спасувачките екипи треба рачно да ги расчистат остатоците од зградата, објасни градоначалникот Лај, цитиран од американските медиуми. Во спротивен случај тие ќе ризикуваат да им наштетат на преживеаните. 

Лесното уривање на 17-катната зграда го предизвика прашањето за квалитетот на градбата. Министерот за внатрешни работи Чен Вејзен изјави дека ќе се спроведе истрага. Во градот се урнаа уште девет згради, а пет се искривени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате