Во воздушен напад во северниот дел на Тиграј загинаа 56 лица, најмалку 30 ранети

Од:

Во воздушен напад во северниот дел на регионот Тиграј во Етиопија загинаа 56 лица, а најмалку 30 се повредени во камп за раселени лица, изјавија хуманитарни работници, повикувајќи се на локалните власти и изјави на сведоци.

Според нив, нападот врз кампот во градот Дедебит во северозападниот дел на регионот Тиграј, во близина на границата со Еритреја, се случил доцна синоќа.

Хуманитарниот работник кој ја посети општата болница во Шире Шул, каде што се хоспитализирани повредените, рече дека во кампот има многу постари луѓе и деца.

„Ми рекоа дека бомбардирањето се случило на полноќ, кога е целосен мрак и не можеа да избегаат“, рече тој.

Етиопските трупи почнаа да се борат со бунтовничките сили на Тиграј во ноември 2020 година.

Најмалку 146 лица се убиени, а 213 се повредени во воздушните напади врз Тиграј од 18 октомври, според хуманитарните организации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он