Во Виетнам собрана ДНК за идентификација на жртвите од „камионот на смртта“

Од:

Полицијата во централен Виетнам соопшти денеска дека зела форензички примероци од жители кои веруваат дека членовите од нивното семејство би можеле да бидат меѓу 39-те жртви кои беа пронајдени мртви во приколка на камион, минатата недела во Англија.

Полицијата во провинцијата Нге зела примероци, вклучувајќи коса и нокти, од членовите на семејствата, за да се обиде да помогне во идентификувањето на жртвите.

Досега, 24 виетнамски семејства пред локалните власти пријавиле исчезнување на нивните најблиски.

Тринаесет лица се пријавени како исчезнати во округот Јен Тан Нге Ан, а роднините стравуваат дека е можно тие да се меѓу жртвите пронајдени во средата во индустриски парк на југоистокот на Англија.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британка и нејзиниот вереник пронајдени мртви во вила во Виетнам

А1он

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин