Во виенскиот јавен превоз речиси и да нема патници „шверцери“

Од:

Процентот на патници кои се шверцуваат во виенскиот градски превоз во првата половина од годината опаднал на помалку од 2,3 отсто, покажуваат најновите анализи на „Виенски линии“.

Без важечки билети во превозот се фатени вкупно над 83.000 патници, а дневно низ целокупната сообраќајна мрежа во Виена истовремено на задачи се излезени во просек по околу 100 контролори.

Во првата половина на 2014 година исконтролирани се над 3,7 милиони патници.

Од 2012 година оние патници кои ќе бидат фатени без билети при плаќање на казната на самото место, односно преку признаница платена во рок од три дена, патувањето со јавниот превоз ги чини 103 евра.

– Шверцувањето е неправедно кон сите други патници кои плаќаат и патуваат со важечки билет и шверцувањето дефинитивно е најскапиот начин на возење со јавниот превоз, објаснува директорката на „Виенски линии“, Александра Рајнагл.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски