Во Виена ќе се поставуваат дефибрилатори на јавни места

Од:

Во следните неколку месеци на повеќе јавни места во австрискиот главен град Виена ќе бидат поставени дефибрилатори со што би требало да се овозможи итно пружање на помош при срцеви удари.

Дефибрилаторите си помош на електрошокови ќе помагаат за обновување на нормалниот ритам на работата на срцето, а лицата кои ќе пружаат помош со овие апарти автоматски ќе стапуваат во контакт со службата за брза помош, која со совети ќе им помага во оживувањето на оние кои имаат срцев удар.

Здравствените власти сметаат дека на овој начин смртноста од срцеви удари во Виена ќе се намали за околу 50 проценти.

Поставувањето на дефибрилаторите ќе чини околу 1,3 милиони долари.

Слични проекти за поставување на дефибрилатори на јавни места веќе се спроведени во Велика Британија, Италија, Канада и Франција.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски