Во Венеција денеска сите одат пеш, откако за прв пат градските власти го забранија движењето на моторните чамци и на сите превозни средства, кои емитуваат штетни часови по Каналот гранде од 10 до 15 часот по локално време, како дел од еколошката акција „Недела без моторни чамци“.
Наместо тоа се нудат бесплатни возења со гондоли, кои ги движат двајца гондолиери со весла, а индивуално можат да се користат чамци со весла.
Забрането е движење на автомобили до 18 часот во соседниот град Местре, каде се дозволени единствено електромобили.