Во Велика Британија заврши гласањето на приврзаниците на Лабуристичката партија, кои гласаа за нов лидер на партијата.
За функцијата се натпреваруваат сегашниот лидер, 67-годишниот Џереми Корбин и неговиот ривал Овен Смит (46).
На внатрешнопартиските избори учествуваа околу 640.000 членови и симпатизери.
Резултатите ќе бидат објавени в сабота, на годишниот партиски конгрес на лабуристите во Ливерпул.
Корбин беше избран за функцијата минатата година и стекна голема поддршка меѓу обичните членови.
Десетина лица од владата во сенка на лабуристите поднесоа оставки во знак на протест против Корбин.
Дури и ако Корбин биде реизбран, тоа нема да го реши „ќор-сокак“ во партија, која е разделена меѓу членовите кои се поддржувачи на Корбин и партиските кадри, пренесува БТА.