Во Велика Британија уште 10 новозаразени со омикрон, вкупно 42

Од:

Велика Британија денеска потврди уште 10 инфекции со загрижувачката варијанта на коронавирусот Омикрон, со што вкупниот број се искачи на 42.

Британската агенција за здравствена безбедност објави дека уште седум случаи на сојот Омикрон се откриени во Англија, додека уште три заразени лица се идентификувани во Шкотска.

Британскиот премиер Борис Џонсон пред два дена изјави дека Владата сака на сите возрасни лица да им понуди засилувачка доза на вакцина против коронавирус до крајот на јануари следната година, поради страв од ширење на Омикрон.

– Нашата цел е да понудиме бустер дози на сите што ги исполнуваат условите до крајот на јануари, рече Џонсон.

Тој додаде дека е малку веројатно повторно да се воведат мерки за затворање.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот