Во Велика Британија на секои пет минути исчезнува по едно дете

Од:

На секои пет минути во Велика Британија исчезнува по едно дете на возраст до 16 години, покажува истражувањето на детската хуманитарна организација „Релвеј чилдрен“.

Тоа значи дека годишно од своите домови и од родителите бегаат по 100.000 деца, па иако мнозинството од нив набргу се враќаат, се уште остануваат илјадници деца на оваа возраст кои повеќе од една ноќ, минуваат надвор од својот дом, на улиците.

Ситуацијата во Лондон е уште поалармантна, каде бројот на децата-бегалци кои потоа исчезнуваат, во последните три години е зголемен за повеќе од една третина. Според податоците на лондонската Метрополитен полиција, бројот на деца во британскиот главен град, кои се пријавени како исчезнати, се зголемил од 13.360 во 2008 година, на 17.880, на крајот од 2010 година.

Хуманитарната организација „Релвеј чилдрен“ смета дека овие полициски податоци се само „врвот на ледениот брег“ и дека бројот на побегнатите и исчезнати деца е многу поголем.

Оваа организација укажува дека слична е ситуацијата и во поширокиот реон на Манчестер, во Страдфоршајар и Глостершајар, каде бројот на регистрираните исчезнувања на деца до 16 години, е за пет пати поголем отколку во 2008 година, кога последен пат е правено вакво истражување.

Како причина за оваа појава најчесто се посочуваат состојбите во семејството, од каде децата бегаат, случувањата поврзани со училиштетето и учењето, како и тешката економска состојба.

Состојбите стануваат алармантни, бројот на деца кои исчезнуваат од своите домови и семејства се верува дека уште повеќе ќе се зголемува, па време е родителите, но и британското општество да се позанимава со овој проблем, забалежува директорот на хуманитарната организација „Релвеј чилдрен“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете