Бројот на новозаразени лица на дневна основа во Унгарија достигна нов негативен рекорд со 14.890 случаи на зараза. Според Ројтерс, бројот на пациенти во болниците останал на релативно ниско ниво.
Унгарската влада рече дека новата варијанта на омикрон „силно се шири“, поттикнувајќи нови инфекции, но дека зголемените дози на вакцината би можеле да избегнат сериозни симптоми.