Покрај новата пратка на ракетниот систем ХИМАРС, испорачан од САД, од Германија во Украина пристигнаа и повеќецевни ракетни системи МАРС 2, соопшти министерот за одбрана Алексеј Резников.
„Третиот брат од семејството „долга рака“ пристигна во Украина – MARS 2 МСЗВ од Германија, напиша Резников на Твитер.
Резников се заблагодари и на Германија и лично на министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.
„Нашите артилерици ги поздравуваат своите германски партнери“, додаде Резников.