Во Украина фрлија вакцини, лекари не сакале да ги примат

Од:

Во Украина се фрлени неискористени вакцини против коронавирусот, откако лекарите што требало да се вакцинираат не се појавиле во договорените термини.

Во земјата денеска почна имунизацијата на населението, откако првата пратка од 500.000 дози вакцини од АстраЗенека минатата недела пристигна во земјата. Приоритетен e медицинскиот персонал.

Украинскиот министер за здравство Максим Степанов изјави дека Владата работи на тоа да се спречи фрлање на вакцините, додавајќи оти тоа се случува и во други земји.

Вакцините се фрлени, бидејќи кога ќе се отворат, употребливи се во следните два до три часа. Во Украина, која има 41 милион жители, речиси половина (47 проценти) од граѓаните изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск