Во торнадо во Русија повредени 20 лица

Од:

Помало торнадо го погоди вчера градот Јефремов, оддалечен околу 300 километри јужно од Москва, при што се повредени 20 лица, меѓу кои три деца.

Според Министерството за вонредни ситуации, во торнадото се оштетени 179 куќи, а ветерот кршел стакла, корнел кровови, уривал дрва и сообрајаќни знаци.

Министерството додаде дека повеќето од настраданите се повредени од скршените стакла и се здобиле со исеченици.

Оштетени се пет училишта, две градинки, девет административни згради и 18 продавници. На расчистувањето на теренот работат повеќе од 700 лица, а нема планови за евакуација на населението.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца

Украина: Руските трупи извршија 15 воздушни напади во Курск

Песков: Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ