Сомалиската екстремистичка група Ал Шабаб уби денеска четири лица од обезбедување во хотел во градот Босасо.
– Тројца напаѓачи упаднале денеска во хотел во градот Босасо и убиле четири чувари, додека двајца од напаѓачите загинале, соопшти полицијата.
Хотелот е популарен меѓу странци кои доаѓаат во тој сомалиски полуавтономен регион. Полицијата трага по третиот напаѓач. Ел Шабаб се поврзани со Ал Каеда и до 2011 година контролираа голем дел од Сомалија вклучително и главниот град Могадишу.