Во Тексас постои Интернет страница со последните зборови на 500 осудени на смрт

Од:

На интернет страницата на Оделот за правосудство на Тексас можат да се најдат последните зборови на сите 500 погубени затвореници од 1982 година.

Откако во 1982 година Тексас повторно ја воведе смртната казна, се бележат последните зборови на затворениците осудени прерано да го завршат својот живот заради своите злосторства.

Од неодамна тие се објавени на интернет страницата на Оделот за правосудство на Тексас, каде внимателно се сортирани по име, број и датум, пишува „Дејли Мејл“.

Имено, во Тексас со смртна казна се казнуваат повеќе луѓе отколку во било која американска сојузна држава, а на 26 јуни беше извржена 500-та „љубилејна“ егзекуција, па изјавите забилежени на страницата можат да послужат и како увид во навистина широк спектар на однесување на луѓето во последните моменти од нивните животи. Многумина тоа го користат за уште еднаш да ја нагласат својата невиност, други се исповедуваат, а постојат и оние кои во последните моменти ја прифаќаат својата казна и ја признаваата вината..

На пример, Чарлс Баш, погубен на 30-годишна возраст во 1986 година заради убиство на полицаец изјавил: „Го заслужив ова. На сите кажете им дека ги поздравувам“.

Како што се и очекувало во последните зборови имало и пораки до различни богови и божества, но и оние кои се обидуваат да елаборираат дека го одлежале своето, примерно се однесувале и дека чувствуваат дека казната која ќе ги снајде е непримерена:

„Речиси девет години размислував за смртната казна дали е тоа добро или лошо, и немам одговор. Но, не мислам дека светот ќе биде посигурно место без мене“, напишал Џефри Доти, погубен во 2001 година.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак