Во светот има преку 50 милиони бегалци, најмногу по Втората светска војна

Од:

Минатата година во светот се регистрирани 51,2 милиони бегалци или шест милиони повеќе отколку една година пред тоа, што се случува првпат по завршувањето на Втората светска војна, покажуваат податоците на Вискиот комесријат за бегалци на ОН (УНХЦР).

Ваквиот забрзан раст последниве години, претставува товар за меѓународните организации и бара „драматична промена“ во организирањето на помошта.

Според податоците на УНХЦР, судирите во Сирија, каде неколку години се води граѓанска војна, како и во Централоафриканската Република и во Јужен Судан, предизвикаа зголемување на бројот на бегалците на светско ниво.

– Постојано никнуваат нови воени судири, а старите конфликти не згаснуваат, изјави во Женева, првиот човек на УНХЦР, Антонио Гутереш.

Тој смета дека посебен проблем се околу 6,3 милиони луѓе кои се бегалци со години, а некои од нив, остануваат со таквиот статус и со децении.

Најголема посебна бегалска група и натаму се Авганистанците, со 2,6 милиони бегалци.

Во Пакистан има дури 1,6 милиони бегалци и тоа е далеку најмногу на глобално ниво. Над 1,2 милиони луѓе бараат азил во некоја од државите во светот.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Путин се подготвува за војна на другиот крај од светот

Горан Наумовски

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Неколку земји од ЕУ се подготвуваат за војна

(ВИДЕО) Алавитите масовно бегаат кон бреговите на Сирија, ги засолнуваат своите најблиски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ