Во судирите во Каиро убиенa новинарка

Од:

Двајца новинари вчера беа убиени во египетската престолнина Каиро, денот кога најмалку 278 лица загинаа во земјата при задушување на протестите на приврзениците на соборениот египетски претседател Мухамед Морси од страна на силите за безбедност, пренесоа британските медиуми.

Исламистот Морси беше соборен од власта при воената интервенција на 3 јули.

Убиени се Мајкл Даглас (61), камерман на британската телевизија „Скај њуз“, и 26-годишната Хабиба Ахмед Абд Елазиз, дописник неделникот „Експрес“ од Дубаи.

Даглас бил застрелан додека ја снимал операцијата на расчистување на камповите на приврзениците на Морси во Каиро.

Даглас работел за „Скај њуз“ 15 години, првично бил стациониран во Вашингтон, а потоа и во Ерусалим.

Абд Елазиз, која е Египѓанка, била на одмор.

Фотограф на Ројтерс бил прострелан во нога, додека го снимал насилството, и веднаш бил префрлен во болница.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски