Во судир со пакистанските трупи и екстремисти убиени се 23 пакистански војници и голем број непријателски борци на контролниот пункт во близина на авганистанската граница, соопшти вчера пакистанската армија.
До судири дошло во областа Кибер каде што војската има судири со талибанците и полицијата на Лашкар-е-ислам.
-Дваесет и три војници загинаа во последните три дена во различни делови на долината Тира-изјави претставник на армијата за „Франс прес“.
Според неговите зборови убиени се најмалку 110 екстремисти, но тоа е неофицијален број, со оглед на тоа што таа област е недостапна за новинари и хуманитарци.
Воениот извор наведе дека пакистанската војска повторно го освои градот Тут Сар.
-Во акцијата учествуваа хеликоптери и авиони. Ги бомбардираа скривниците на екстремистите во долината, изјави тој.
Пакистанската војска со години се бори со бунтовниците на северозапад на земјата , а САД ја обвинуваат дека не направила доволно да ги разбие талибанците и другите активни екстремисти во Авганистан.
Елена Георгиевска