Во судар на два автобуси на аеродромот во Техеран, еден загинат, десетици повредени

Од:

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени кога два патнички автобуса се судрија на меѓународниот аеродром во близина на Техеран, објавија државните медиуми.

„Едно лице загина, а повеќе од 30 луѓе се повредени во судирот“, изјави полициски претставник на државната телевизија на аеродромот Имам Хомеини во Техеран.

„Единаесет повредени се во тешка состојба“, рече тој без да ја прецизира националноста на патниците во автобусот.

Аеродромот Имам Хомеини е главниот меѓународен аеродром во Иран, кој се наоѓа на 30 километри југозападно од главниот град.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана