Во стан на осомничен екстремист пронајдени 45 килограми муниција

Од:

Во стан во Ротердам, кој се доведува во врска со спречен терористички напад во Франција, се пронајдени околу 45 килограми муниција, соопшти холандското Јавно обвинителство.

Во овој стан, по барање на Франција, на 27 март беше уапсен францускиот државјанин Анис Бахри, кој се наоѓа во холандски притвор се додека властите не одлучат околу неговата екстрадиција во Франција.

Постои сомнеж дека тој планирал напад во Франција во име на Исламска држава, заедно со Ред Крикет, уште еден осомничен, кој е уапсен во близина на Париз, неколку дена пред Бахри.

– Пронајдовме околу 45 килограми муниција, вклучувајќи и два вида на куршуми кои можат да се користат за „калашников“, изјави портпаролот на канцеларијата на холандското обвинителство, Вим де Бруин.

Портпаролот потврди дека во станот не бил пронајден експлозив, ниту оружје.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина