Министерството за одбрана на САД потврди денеска дека е убиен лидерот на екстремистичката група Ал Шабаб, Адан Гарар во Сомалија, јави Би-Би-Си.
Гарар е осомничен за напад врз трговскиот центар во Најроби во 2013 година во кој загинаа 67 луѓе.
САД веруваат дека Гарар надгледувал операции кои за цел имаат државјани на САД и останати западни држави.
Пентагон смета дека Гарар бил член на безбедносниот и разузнавачки центар и клучен оперативец одговорен за координирање надворешни операции на ал Шабаб.
Операцијата во која е убиен тој била во близина на градот Динсур, 240 км. западно од Могадишу. Во операцијата бил користен дрон опремен со ракети.