Лидерот на сомалиската вооружена група Ал Шабаб загина при американски воздушен напад во Сомалија, соопшти денеска сомалиската Национална служба за разузнавање и безбедност.
– Со помош на сомалиската Национална служба за разузнавање и безбедност и американската разузнавачка служба синоќа е убиен лидерот на Ал Шабаб, соопшти сомалиската служба.
Американското Министерство за одбрана вчера соопшти дека презело воздушен напад во Сомалија врз висок претставник на Ал Шабаб.
Загинатиот лидер е познат под имињата Абдишакур и Тахлил и бил шеф на „Амнијат“ елитна единица, која е одговорна за самоубиствени напади во Могадишу.
Ал Шабаб се уште не го коментира тврдењето на сомалиската Национална служба за разузнавање и безбедност.