Во Словачка почна масовно тестирање на населението за Ковид-19

Од:

Словачка почнува со скрининг на целото население, лица над 10-годишна возраст, за новиот коронавирус со брзи антиген-тестови, што би било прво тестирање на цела нација. Критичарите велат дека планот на владата не е добро осмислен.

Околу 45.000 медицински работници, војници и полицајци ќе бидат на располагање да ги извршат тестовите врз 5,4 милиони жители во таа членка на ЕУ. Тестовите ќе бидат извршени во околу 5.000 медицински пунктови.

Премиерот Игор Матович рече дека мерката ќе спаси „стотици животи“. Антиген-тестовите даваат брзи резултати – понекогаш за неколку минути – но не се сметаат за толку веродостојни како PCR-тестот.

Учеството на тестот не е задолжително, но секој што не може да претстави документ за негативен тест доколку биде запрен од полицијата може да добие голема парична казна.

Секој кој има позитивен тест, треба веднаш да се стави во карантин за 10 дена. Според премиерот, масовниот скрининг ќе овозможи отстранување на ограничувањата поврзани со ширењето на коронавирусот.

Словачка ќе биде првата земја што ќе преземе таква мерка, иако во некои кинески градови се спроведени и масовни тестови за население. Помалите европски земји како Луксембург и Монако исто така најавија свои програми за масовно тестирање.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо