– Во Сирија започна процесот за уништување на објектите за производство на хемиско оружје, изјави денеска во Советот за безбедност на ОН, високиот претставник на генералниот секретар на светската организација одговорен за прашањата за разоружување, Ангела Кејн.
По одржувањето на затворената седница, таа истакна дека уништувањето на 12 објекта за производство на хемиско оружје се очекува да заврши до јуни оваа година.
– Процесот на уништување веќе започна. Се очекува уште овој месец да биде уништен првиот објек, истакна Кејн.
За уништувањето на овие објекти се ангажирани две сириски компании, со кои се потпишани соодветни договори кон крајот на минатата година.