Во Сирија се борат канадски државјани од блискоисточно потекло

Од:

Во Сирија се борат неколку десетици Канаѓани од блискоисточно потекло, изјави вчера помошник-директорот на канадската Служба за безбедност и разузнавање Мајкл Пеирс.

Според податоци на разузнавањето, канадските државјани се присоединуваат како кон опозициските сили, така и кон екстремистичките групи, поврзани со Ал каеда, и кон владините војски, пишува весникот „Нешнл пост“.

– Понекогаш тие ја менуваат страната: на пример влегуваат во единица на Слободната сириска армија, по што преминуваат кон екстремистите од „Џебхат ал Нусра“ (Фронт на победата). Тешко е да им се влезе во трагата, изјави Пеирс.

Според него, тие по враќањето од Сирија, можат своите „умеења и вештини“ да ги применат во Канада“. Тој оцени дека вакви „вакви ветерани“ играат важна улога за радикализирање на младите во Канада.

Венсикот цитира податоци од Меѓународниот центар за истражување на радикализацијата при лондонскиот Кингс Колеџ: од 2011 меѓу 2.000 и 5.500 странци се вклучиле во редовите на опозициските сили во Сирија. Околу 600 од нив се Европејци, главно од Велика Британија, Холандија, Франција, Белгија, Данска и Германија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија