Во Сирија од 2011 година се убиени над 29. 000 деца

Од:

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, во 2011 година, во земјата биле убиени на 29.000 деца, се наведува во извештајот на сириската невладина организација Центар за мониторирање на човековте права, што е сместен во Лондон.

Во извештајот се наведува дека тие ја документирале смртта на 22. 753 деца, убиени од силите на режимот на Башар ал-Асад и нивните сојузнички сили од Иран.

Најмалку 186 деца биле убиени во хемиски напади на режимот, а 305 загинале поради неисхранетост и недостиг на лекарства во областите што биле под опсада на режимот.

Според извештајот, активностите на руските сили во земјата, нивната војска ја креваат на високото второ место, бидејќи во нивните напади загинале 1. 928 деца, а 984 деца биле убиени од сириските опозициски сили, 956 од џихадистите од Исламска држава, 924 од меѓународната коалиција предводена од САД, и 214 од Сириските демократски сили (СДС).

Во меѓувреме, 5. 344 деца се уште се наоѓаат во затвори, вклучувајќи и 3. 618 деца што се притворени од режимот на Асад и 722 кои се држани од курдските Единици за заштита на народот.

Најмалку 326 деца, исто така, се држат од Исламска држава во регионите што се под нивна контрола.

Сирија од 2011 е зафатена од жестока граѓанска војна, кога режимот на Башар ал-Асад презема цврсти мерки против демонстрантите кои бараат поголеми слободи во земјата.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка