Сирискиот претседател Башар ал Асад со указ забрани користење каква било друга валута освен сириската фунта како платежно средство.
Сириските трговци кои ќе го прекршат законот можат да бидат казнети со три години затвор и парична казна, додека ако сумата е над 5.000 долари казната може да биде и казна до 10 години тешка физичка работа.
Одлуката е со цел да се запре падот на сириската фунта и да не се плаќа во долари.