Во Сиднеј денеска се измерени рекордни 45,8 степени Целзиусови, што е рекордна температура измерена во најголемиот австралиски град, откако се води статистика.
Во јануари 1939 година биле измерени 45,3 степени.
Во Австралија оваа лето е необично топло во југоисточните делови на земјата, каде се наоѓаат најгусто нселените сојузни држави Нов Јужен Велс и Викторија.
Во Сиднеј од почетокот на годината неколку пати тепературата се искачувала до 40 степени, што во последните 107 години се случувало само четирипати.
Највисоката температура во Австарлија е регистрирана во 1960 година, во градот Однадата во државата Јужна Австралија, кога живата во се искачила до 50,7 степени.