Во Сибир поради поплавите се евакуирани 34.000 луѓе, 18.000 куќи се поплавени, а повеќе од девет илјади припадници на руското Министерство за цивилна одбрана и вонредни ситуации се распоредени во четири погодени региони, изјави денеска заменик-министерот за контрола на вонредни ситуации Едуард Чижов.
– Спасувачите ја завршија операцијата за евакуација и воспоставија котрола над загрозените, наведе Чижов на прес-конференцијата.
Според него во Солонешескиот дистрикт на територијата на Алтај, спасувачите ќе постават три понтонски мостови, а 350 спасувачи и 20 единици на механизацијата се испратени во градот Бијск.
– Во моментов има повеќе од девет илјади припадници на Министерството во четири региони погодени од поплавите. На овие региони им се обезбедени 150 тони хуманитарна помош, истакна Чижов.