Во Шведска втор ден се намалува бројот на заразени и починати лица од Ковид-19

Од:

Во Шведска во последните два дена регистриран е најмал број смртни случаи како последица од новиот коронавирус.

Од последици од Ковид-19 во Шведска вчера починале 17 луѓе, додека денеска забележани се 12 смртни случаи. Тоа е голем пад на смртните случаи во споредба со другите денови, посебно во однос на 8 април, кога починаа над сто луѓе. Од средата до петокот (од 8 до 10 април) во земјата умираа над 90 луѓе.

Во Шведска регистриран е и голем пад на новозаразени лица со Ковид-19, вчера имало 466 нови случаи, додека денеска се забележани 332 пациенти. Во споредба со изминатите денови, бројот на новозаразени е речиси двојно помалку. На 16 и 17 април биле регистрирани над 720 инфицирани лица со новиот коронавирус.

Во Шведска регистрирани се 10.151 инфицирани лица, од кои 887 починале.

Во земјата не е воведен карантин, не се затворени училиштата, кафулињата, рестораните и баровите. На граѓаните не им е забрането да излегуваат, но им е препорачано да се самоизолираат ако имаат симптоми на Ковид-19. Забранети се собири на повеќе од 50 луѓе.

Би можело да ве интересира

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски