Во Шведска најмногу смртни случаи од Ковид-19 во последните три месеци

Од:

Во Шведска денеска се потврдени вкупно 96 нови смртни случаи на Ковид-19, што е најголема дневна бројка во последните три месеци, јавија британските медиуми.

Од последниот пресек, коронавирус им е потврден на уште 4.007 лица, што е речиси 2.000 помалку од највисокиот дневен биланс што беше потврден претходно овој месец.

Во Шведска досега од Ковид-19 умреле 6.321 пациенти.

Стапката на смртност на Ковид-19 во оваа земја е неколку пати поголема отколку во соседните скандинавски земји, но, сепак, е пониска отколку во некои поголеми европски земји, како што е Шпанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски