Во Шведска над 4.000 заразени со коронавирус, најмногу досега во еден ден

Од:

Во Шведска во последните 24 часа се потврдени 4.034 нови случаи на Ковид-19, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.

Во истиот временски период, уште пет лица починаа како резултат на вирусот, а во земјата има вкупно 6.002 жртви од март наваму.

Последното највисоко дневно салдо беше потврдено на 29 октомври, кога имаше 3.254 нови случаи.

Шведска во последниве недели во неколку наврати пријави највисоко дневно зголемување на бројот на новоинфицирани со коронавирусот, додека бројот на смртни случаи и хоспитализирани пациенти исто така започна да расте.

Стапката на смртност од Ковид-19 во Шведска е неколку пати поголема отколку во другите скандинавски земји, но сепак е пониска отколку во некои поголеми европски земји, како што се Шпанија и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски