Во Шведска изгласан законот што ќе дозволи строги мерки против пандемијата

Од:

Шведската Влада денеска претстави закон со кој се даваат нови привремени овластувања за борбата против пандемијата на коронавирус, а планот е неговата примена да почне во јануари.

Владата, која досега во голема мера се потпираше на препораки наместо на прописи, објасни дека новиот закон ќе и овозможи да донесе ограничувачки мерки и да воведе санкции во случај на непочитување на мерките.

Така, ќе може да се затворат продавници, трговски центри или јавен превоз, па и да се ограничи бројот на луѓе што беше дозволено да се собираат на одредени јавни места, наместо да се воведуваат општи мерки.

Владата сака законот да стапи во сила на 10 јануари, но прво ќе треба да биде изгласан од парламентот.

Шведска има нетипична и контроверзна стратегија уште од почетокот на пандемијата, бидејќи таа не воведе мерки за изолација како што тоа го сторија другите европски земји.

Кога бројот на заразени и мртви се зголеми, Владата го ограничи бројот на луѓе на јавни настани на осум од средината на ноември, а на 18 декември, по првпат, препорача носење маски во јавниот превоз и други ограничувачки мерки. Учењето на далечина во средните училишта е продолжено до 24 јануари.

Здравствените власти инсистираа на потребата да се донесат долгорочни мерки, оценувајќи дека борбата против пандемијата е „маратон, а не спринт“.

Шведска нема закон што ќе и дозволи на Владата да ја ограничи слободата на движење во мирнодопско време, како што е случајот со воведувањето карантин поради пандемија.

Во Шведска, која има 10,3 милиони жители, досега имало 396.048 лица заразени со коронавирус, а 8.279 лица починале како резултат на болеста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски