Шпанската полиција уапси една жена која врбувала девојчиња да се приклучат на Исламска држава.
Таа е уапсена во Аресифе, на Канарските Острови. Жената имала контакти со членови на ИД.
Од почетокот на годината шпанската полиција упасиле 46 луѓе поради поврзаност со екстремистите. Тие се обидуваат да ги спречат младите радикални муслимани да се приклучат кон вооружените групи во Ирак и во Сирија или да извршат напади во Шпанија.