Во Шпанија разбиен огранок на балкански нарко-картел

Од:

Најмалку 820 килограми кокаин се запленети во акција во Валенсија во која е разбиен огранок на балкански нарко-картел. Притоа се приведени 17 лица, меѓу кои и водачот на огранокот.

Според шпанската полиција, се работи за многу активна криминална организација која потекнува од Албанија, но има учесници речиси од целиот Балкан.

Во претресите се одземени 226.500 евра, три ГПС уреди, 13 возила од кои пет со двојно дно за превезување дрога, како и два инхибитора.

Акцијата ја спроведе единицата за дрога и организиран криминал во Валенсија, во соработка со Националната агенција за безбедност.

Истрагата која претходела на оваа акција започнала пред повеќе од една година, кога полицијата влегла во трага на членовите на картелот. Најпрво е идентификуван водачот на бандата, кој бил следен за да се влезе во трага и на другите играчи.

Шпанското обвинителство за сите ќе предложи притвор без можност за кауција. Приведените, покрај за трговија со дрога, се товарат и за учество во криминални организации, перење пари и физички напади врз полициски лица.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени