Во Шпанија по олабавувањето на мерките трикратно зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19

Од:

Во Шпанија по укинувањето на повеќемесечните рестриктивни мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19, расте бројот на новозаболени лица.

Според шпанските здравствени власти, бројот на нови случаи кон крајот на јуни изнесуваше осум на 100.000 жители, кога беше укинат карантинот, сега е 27 на 100.000 жители.За време на викендот во Шпанија регистрирани се 4.581 новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани лица со новиот коронавирус се искачи на 264.836. Досега во земјата починаа 28.000 луѓе.

Откако во Шпанија се ублажија или укинаа рестриктивните мерки и граѓаните се вратија на секојдневниот живот се појавија околу 200 нови жаришта, со големи концентрации на заразени лица во каталонските градови Барселона и Леиде.

– Жариштата се појавија таму каде ги ублаживме мерките. Зборуваме за големи семејни прослави и посетите во ноќните клубови, изјави шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила.

Каталонската регионална Влада во петокот упати апел до околу четири милиони луѓе, вклучително и жителите на Барселона, да останат во своите домови и да не се собираат повеќе од 10 лица.

Со цел да се спречи појава на нови жаришта, во поголемиот дел од Шпанија мора да се носат заштитни маски дури и кога може да се одржи физичка дистанца.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени