Во Шпанија маските задолжителни до пронаоѓање лек или вакцина

Од:

Носењето маски во јавност ќе остане задолжително во Шпанија и по завршувањето на вонредната состојба на 21 јуни, односно, ќе остане во сила додека не се најде лек или вакцина против коронавирусот, изјави денеска министерот за здравство на таа земја, Салвадор Илја.

– Шпанците мора да продолжат да носат маски во затворено и на отворено ако не можат да гарантираат метар и пол оддалеченост од другите луѓе, рече Илја на прес-конференција.

Обврската за носење маски ќе остане во сила сè додека, како што рече, „конечно го победиме вирусот, што ќе се случи кога ќе имаме ефикасна терапија или ефикасна вакцина“.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени