Во Шпанија десетдневна жалост за жртвите од Ковид-19

Од:

Во Шпанија денеска почнува десетдневна жалост за жртвите од новиот коронавирус. Тоа ќе биде најдолг период на жалост во последните 40 години.

За време на деновите на жалост знамињата на повеќе од 14.000 институции и пловни објекти ќе бидат на половина копје.

Портпаролката на шпанската Влада, Марија Хесус Монтеро изјави дека над 80 проценти од починатите се лица постари од 70 години, „тие кои помогнаа да се изгради денешната земја“.

– Тие засегокаш ќе останат во нашето сеќавање, посочи Монтеро.

Шпанскиот крал Филипе Шести ќе ја предводи церемонијата на сежавање откако земјата ќе излезе од карантин, што е воведен пред 2,5 месеци. Во шпанија од последици од новиот коронавирус починаа 27.119 луѓе од вкупно 236.259 инфицирани лица.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени