Во Шангај забележан најтоплиот ден од кога регистрираат температури

Од:

Во Шангај, кинески град со најголем број жители, денеска е регистрирана рекордно висока температура од 40,9 степени Целзиусови.

Болниците примија голем број луѓе со здравствени проблеми предизвикани од горештината, јавуваат државни медиуми.

– Ова е најтопол ден во Шангај од почетокот на регистрирање температури од 1872 година, соопшти градската Метеоролошка служба. Во градот е објавено „црвено предупредување“.

Властите ги повикаа граѓаните да останат во домовите и да избегнат долготраен престој на отворено.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он