Во Североисточна Канада паднаа најобилните снежни врнежи за последните 75 години

Од:

Во североисточната канадска провинција Њуфаундленд и Лабрадор паднаа најобилните снежни врнежи, регистрирани за овој период од годината за последните 75 години.

Телевизијата Си-ти-ви објави дека во неколку реони паднале 21 сантиметри снег, при што досегашниот рекорд беше 13 сантиметри и беше регистриран во 1939 година.

Поради ненадејните снежни врнежи во реонот се затворени повеќето училишта. Полицијата алармира и за зголемен број сообраќајни несреќи по магистралите. Засега не се соопштува за жртви.

Би можело да ве интересира

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација