Со цел да ги прошири сопствените вооружени сили и да ја зајакне војската, владата на Северна Кореја воведе задолжително служење на воен рок за жените, открива извор од оваа држава за „Деили НК“.
За одлуката која се однесува на девојки од 17 до 20 години, веќе се информирани одделите за регрутација во сите провинции, градови и окрузи и според сознанијата нејзиното спороведување е во тек.
-Кон крајот на минатата година добивме наредба сите девојки кои го завршиле средното образование да поминат задолжителна воена обука- вели изворот од провинција Северен Хамгјонг и додава дека жените сепак нема да мора да служат војска подеднакво долго како мажите.
Според наводите веќе се извршени прелиминарни прегледи на девојките за воената обука која ќе започне во април.
Минималната висина за жените војници во севернокорејската војска е намалена на 142 сантиметри, но како што наведува изворот, стандардот не е стриктно испочитуван.
Целта на новата мерка е да се надомести недостатокот на војници во севернокорејската војска, кој што е предизвикан од високата стапка на смртност кај децата и нискиот наталитет .
Инаку оваа нова директива предизвика загриженост кај јавноста, со огле д на тоа што жените најчесто ги издржуваат семејствата.
Во март 2003 годиан на седница на Врховното народно собрание на Демократска Народна Република Кореја беше објавено дека воената обврска за мажите ќе биде намалена од 13 на 10 години, а за жените од 10 на седум. Меѓутоа тогаш беше предвидено војска да служат само девојките кои доброволно ќе се пријават.
Е. Г.