Во Сенатот поднесен предлог-закон за вооружување на сириските бунтовници

Од:

Претседателот на Комисијата за надворешни односи на американскиот Сенат, Роберт Менендес поднесе предлог-закон за испорака на оружје на некои групи од сириската вооружена опозиција.

Сенаторот демократ Менендес бара од Белата куќа да им биде доставено оружје на дел од бунтовниците, кои се борат против силите на сирискиот режим, уште пред да се прошират информациите дека во конфликтот било употребено хемиско оружје.

Предлог-законот на влиајтелниот сенатор предвидува испорака на оружје и обезбедување воена обука за бунтовници, кои ги почитуваат човековите права и не се поврзани со тероризам.

Со документот се предвидува и создавање на фонд од 250 милиони долари, со кој ќе и се помогне на Сирија во периодот на транзиција по соборувањето на режимот на Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати