Во самоубиствен напад во Кабул загинаа двајца војници на НАТО

Од:

Двајца војници од вооружените сили на ИСАФ, предводени од НАТО, беа убиени во самоубиствен бомбашки напад во јужниот дел на Кабул.

Двајца војници на ИСАФ,предводени од вооружените сили на НАТО, беа убиени денеска во самоубиствен бомбашки напад во јужниот дел на провинцијата Кабул, се дознава од извори.

Странските сили ги нападна бомбаш-самоубиец, а потоа и други бунтовници вооружени со лесно оружје и ракети во близина на Пули Алм, главниот град на провинцијата Лофар, на стотина километри од Кабул, изјавија Авганистански службени лица и ИСАФ. “Бунтовниците ги нападнале коалициските сили во источниот дел на Авганистан. Двајца членови на коалицијата се убиени “, изјави портпаролот на ИСАФ за АФП.

За сега Не се знае националноста на жртвите. Странски војници деактивираа бомба веднаш до патот во момент на нападот, изјави заменик-началникот на полицијата на Логар. Со повеќе од 112.000 војници на теренот, заедно со авганистанските безбедносни сили (352 000 полицајци и војници), ИСАФ не може да стави крај на востанието предводено од Талибанците. Самоубиствените напади и бомби се омилено оружје на Талибанците.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан